+389 (0)31 452 282
English
ПРОИЗВОДИ
ОДБЕРЕТЕ КАТЕГОРИЈА НА ПРОИЗВОДИ
Blanco - садопери
Blanco GMBH + CO KG е компанија основана во 1925 година од страна на Хеинрих Бланк. Денеска компанијата брои 1300 вработени. Blanco специјализира во производство на садопери од INOX (нерѓосувачки челик, силгранит и керамика) и исто така и разни кујнски организациски системи.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Siegenia Aubi - окови за PVC
SIEGENIA AUBI KG е водечка компанија на глобалниот пазар за иновативни решенија за врати и прозорци. Компанијата се фокусира на производство на продукти со висок квалитет. Siegenia Aubi е создадена од две компании, фамилијарниот бизнис Siegenia-Frank KG и поранешната фирма на Krupp-Hoesch, AUBI hardware GmbH. Главното претставништво на компанијата се наоѓа во Германија.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Hoppe - кваки за врати/PVC
HOPPE Holding AG е лидер на пазарот на развој, производство и маркетинг на системи за врати и прозорци во Европа. Компанијата има 9 фабрики во Европа и во САД и досега брои над 3000 вработени. Компанијата е основана во Хеилигенхаус близу Дизелдорф во 1952 од страна на Фредрих Хопе, До ден денеска компанијата е во сопственост на Хопе фамилијата.
Прегледај ги продуктите| Преземи каталог
AGB - окови за дрвени врати/прозорци
AGB - Alban Giacomo SpA е италијанска компанија основана во 1947 година која сега брои повеќе од 300 вработени и има над 20.000 артикли во својата понуда. Од 1996 година, компанијата е ISO 9001:94 и ISO 9001:2000 сертифицирана. Голем број на производители и дистрибутери на столарија, PVC-U и врати и прозорци, меѓу кои и Јуниор, ја сметаат оваа компанија како идеален партнер во својот бизнис.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Sibu - декоративни елементи
Sibu Design GmbH & CoKG е австриска компанија основана во 1984 која изработува декоративни тапети и профили. Sibu своите многубројни производи ги произведува во своја фабрика во Австрија а истите ги дистрибуира во повеќе од 70 земји во светот. Компанијата има 60 вработени.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Cisa - системи за контрола на пристап
CISA е водечка компанија во Европа во секторот на производство на брави и системи за пристап. Компанијата има 6 фабрики, а своите производи ги дистрибуира во повеќе од 70 земји во светот. Досега каталогот на компанијата брои над 30.000 артикли кои се сертифицирани според европските стандарди. CISA е првата компанија во светот која ја има интегрирано технологијата за отварање на брави со картички.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Dr. Hahn - шарки за врати
Dr. Hahn GmbH & Co. KG е водечка компанија од Германија која специјализира во развој на шарки за врати. Компанијата е DIN EN ISO 9001:2000 и DIN EN ISO 14.001 сертифицирана а своите производи ги тестира според RAL, SKG, U label, и CE стандардите. Dr. Hahn произведува шарки за PVC-U, метални и врати од комбинирани материјали.
Прегледај ги продуктите
| Преземи каталог
Entra - декоративни кваки за врати
Entra е лидер во производството на рачки за врата. Entra е основана во 2002 година од соединувањето помеѓу Eurobrass и Metallurgica Pasotti, и компанијата се занимава со производство на декоративни кваки за врата, мебел и опермa. Entra има присуство во целиот свет, и долгата историја во овој сектор резултираше со акумулација на знаење, стручност и искуство. Entra нуди широк избор на рачки и тоа класични и модерни стилови, инспирирани од двете традиционални и футуристички дизајни.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Otlav - шарки за врата и прозорци
Otlav SpA е италијанска компанија основана во 1956 која е специјализирана во производство на шарки за врата и прозорци. Otlav е компанија која своите активности ги базира на глобалниот пазар, концентрирајќи се највеќе на Европа и досега има неколку патентирани производи.
Прегледај ги продуктите
Euro Elzett - окови за столарија
Euro Elzett Company денеска вработува 210 лица и е водечката компанија на унгарскиот пазар во производство на брави. Компанијата е основана во 1901 година и од тогаш благодарение на високото технолошко познавање на својата работа, како и големото акумулирано искуство доживува значаен успех. Од 1980 година, компанијата работи и соработува со голем број западни компании и своите дејности ги шири на тие пазари.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Stublina - окови за врати и прозорци
STUBLINA D.O.O. е компанија основана во 1993 година и денеска е лидер на регионалниот пазар во производство на окови за алуминиумска браварија. Квалитетните производи на оваа српска компанија и овозможија извоз и пласман на неколку пазари во Европа. Произведствениот програм на компанијата опфаќа окови за алуминиумски брави со модерен дизајн и техничко решение за поширока намена.
Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Bane Sombor - окови за разни намени
Bane Sombor a.d. е најстарото и најпознатото претпријатие за производство на метални брави во Србија. Основано е во 1947 година во Сомбор а благодарение на своето долгогодишно работење, компанијата денеска располага со современа, стручна и технички опремена фабрика. Bane Sombor е афирмирана како една од најуспешните производители во регионот кој ги почитува високите стандардни на квалитетот на производите.
Прегледај ги продуктите
| Преземи каталог
Reta - алуминиумски/градежни окови
Reta D.O.O. е хрватска компанија која се бави со производство и дистрибуција на жични производи, алуминиумски и градежни окови за врати и прозорци како и комплетна продажба на градежни материјали. Компанијата е основана во 1992 година во Карловац и денеска е водечката компанија во производство на жични производи и окови во регионот. Компанијата брои 130 вработени. Прегледај ги продуктите | Преземи каталог
Tojo - ногарки за мебел и брави
Тојо е српска фамилијарна компанија основана во Србија која денеска работи со сопствена производствена хала од преку 2000 метри квадратни и има над 40 работници. Компанијата ги прати последните трендови и технологии во производството на сите свои над 100 производи меѓу кои најпознати се ногарки за мебел, брави за метални врати, уникатни дела од ковано железо и сл.
Прегледај ги продуктите